hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров во идеалниот на ЛШ во 21-от век

lazarov so dankerk

Македонскиот репрезентативен капитен Кирил Лазаров се наоѓа во скоро сите избори на најдобрите во историјата на Лигата на шампионите. Така, најдобриот стрелец на натпреварувањето се најде и во најдобрата седморка според данскиот ракометар Расмус Бојсен.

Бојсен го состави најдобриот тим од Лигата на шампионите во 21-от век, а нашиот ас заслужено се најде на позицијата десен бек. Покрај Лазаров, во изборот се најдоа и Арпад Штербик, Јонас Калман, Виктор Томас, Сергеј Рутенка, Алексеј Шчепкин и Никола Карабатиќ.

idealen tim LS

За најдобар тренер во изминатите 20 години во Лигата на шампионите, Бојсен го избра Талант Душебајев.

Кирил Лазаров во својата кариера во Лигата на шампионите настапуваше во дресовите на Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Нант.

Share