hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Прекината сезоната во Франција, Нант е вицешампион и се враќа во ЛШ

kirekraj1

Французите ги решија дилемите за прекинатата ракометна сезона. Таа нема да се доигра, а ПСЖ е прогласен за шампион.
Иако имаше уште осум кола до крајот на сезоната, таа нема да се доигра. Претседателот на Франција, Емануел Макрон синоќа рече дека вонредната состојба и строгата изолација во земјата ќе продолжи уште еден месец, а тоа само придонесе ракометната федерација полесно да донесе одлука.

Федерацијата се состана со клубовите преку видео-конференција и донесена е одлука моменталната состојба на табелата да се земе како конечна. ПСЖ е шампион со шест бода повеќе од второпласираниот Нант.

kirekraj2

Тоа значи дека ПСЖ оди директно во Лигата на шампионите, а Нант треба да ја искористи опцијата за второ место во најеминентното натпреварување, бидејќи Франција е прва според ранкингот на ЕХФ и и припаѓа и второ место во натпреварувањето. Ним, Монпелје и Тулуз ќе се натпреваруваат во новоформираната Европска лига.

Нема да има испаѓање од француската лига, а Сесон и Лимож како првопласирани од втората лига ќе се приклучат на елитата. Првата лига идната сезона наместо 14 ќе брои 16 екипи. Лига Купот и Купот на Франција исто така се откажуваат.

Share