hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Франција е противникот на македонските ракометари во баражот за СП во Египет

82368475 484026448982740 1052625557159673856 n

Денес во Виена се одржа извлекувањето на двојките за баражот за Светското првенство, кое во јануари 2021 година ќе се игра во Египет. Македонија, како дел од вториот шешир во извлекувањето, за противник во баражот ја доби селекцијата на Франција.

Првиот меч од баражот ќе се игра во Скопје во периодот од 5 до 7 јуни, додека ревашнот во Франција ќе се одигра во периодот од 9 до 11 јуни.

На Светското Првенство во Египет, покрај организаторот и актуелниот шампион Данска, пласман веќе имаат обезбедено: Хрватска, Норвешка, Шпанија, Алжир, Ангола, Капе Верде, Конго, Мароко, Тунис, Бахреин, Јапонија, Катар, Јужна Кореја, Аргентина, Бразил и Уругвај.

Светското Првенство ќе се игра во пет градови: Каиро, Шарм Ел Шеик, Хургада, Суез и Луксор. Ќе настапат вкупно 32 репрезентации поделени во осум групи по четири репрезентации, а предвидено е да се игра во периодот од 14 до 31 јануари 2021 година.

Share