hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Минимална победа на КЛ7 во Битола против Преспа

Kristijan-Simonoski-KL7

Овој викенд повторно на терен се вратија прволигашите и ја продолжија борбата за влез во плеј-оф натпреварувањето. Иако веќе имаат обезбедено пласман во плеј-оф фазата, ракометарите на КЛ7 вчера како гости се судрија со искусната екипата на Преспа 2015 во Битола.

Во неизвесен натпревар славеше тимот на КЛ7 со 19:20. Од самиот старт се играше гол за гол и ниту една екипа не успеа да се „одлепи" со поголема предност на почетокот. Гостите со серија од 4:1 дојдаа до предност од четири погодоци пред самиот крај на првиот дел, но и не ја задржаа таа предност, па на полувреме се замина со 12:14.

Противникот ги користеше нашите грешки и дојде до ново, шесто израмнување на резултатот (16:16). На крајот од натпреварот во возбудлива завршица повеќе среќа имаа младите момци на КЛ7 и дојдоа до нова единаесетта победа во Првата лига.

Преспа 2015 - КЛ7 19:20 (12:14)

КЛ7:
Трајкоски 1, Стојков 2, Крстески, Цветаноски 6, Ѓоргиев 1, Каковски 1, Симоноски 1, Василев, Темелкоски 2, Ерманоски, Илиески 4, Павлов, Димовски 2, Јорданов, Стојковиќ, Петковски

Седмерци: 1/1
Исклучувања: 6 минути

Во последното коло од оваа фаза екипата на КЛ7 гостува во Гевгелија кај екипата на Партизан.

Share