hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Лазаров и Нант визираа полуфинале на Купот на Франција

nant kup na francija

Нант - Иври 43:26 (24:12)

Ракометарите на Нант се квалификуваа во на Купот на Франција и продолжуваат во трка по сите одличја оваа сезона. Екипата на капитенот на нашата репрезентација, Кирил Лазаров лесно се справи со Иври и го совлада со 43:26 (24:12).

Кирил Лазаров постигна три гола од исто толку упатени удари кон противничкиот гол, а впиша и три асистенции. Аугустиносон со седум и Брие со пет погодоци беа најефикасни поединци во победничката екипа. Одличен беше и Нилсен меѓу стативите со девет одбрани. Кај Иври се истакнаа Антонин Мохамед со осум и Валид Бади со четири гола.

Алберто Ентрериос настапи со комбиниран тим, па оние ракометари со најголема минутажа во шампионатот и ЕХФ Купот добија поштеда.

Полуфиналето на Купот го обезбеди и Монпелје со победата на теренот на Кретеј со 31:32 по изведувањето на казнени удари. Вчера изненадување приреди Шартр со победата на гостински терен против Екс Провенс со 30:32.

ПСЖ е голем фаворит во дуелот пред своите гледачи против Данкерк.