hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Одличен втор дел, витална победа за Нант против Сант Рафаел

ESS7fXUXkAA7K51

Сант Рафаел - Нант 29:33 (16:14)

Во еден од дерби дуелите од 18. коло на француското ракометно првенство, Нант стигна до уште еден значаен триумф, победувајќи го тимот на Сант Рафаел со 29:33 (16:14). Со оваа победа Нант успеа да го сочува второто место во францускиот шампиона и да реагира по поразот од Магдебург во ЕХФ Купот.

Тимот на Кирил Лазаров на гостувањето кај Сант Рафаел славеше со четири разлика во многу тежок и интензивен натпревар. Сант Рафаел беше подобар во првото полувреме и на одмор замина со предност од 16:14. Гостите вториот дел го отворија со серија од 5:1 и го превземаа водството. До крајот Нант ја зголеми предноста и стигна до значаен триумф.

Лазаров постигна четири гола, а Николас со осум и Ниокас со шест гола беа најефикасни кај победничката екипа.

Нант има скор од 14 победи, едно реми и три порази и со 29 бода стои на второто место со четири бода помалку од лидерот ПСЖ, кој има и натпревар помалку. Лидерот на домашен терен го пречекува Ним на домашен терен во последниот натпревар од 18. коло.