hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Магдебург вторпат го надигра Нант и се чекира во четвртфиналето

87256988 10218851868439421 7781165604186095616 o

Магдебург - Нант 29:28 (16:12)

Бундеслигашот Магдебург ја завери нокаут фазата на ЕХФ Купот со втората победа во директните дуели со Нант. Во докрај неизвесен дуел од четвртото коло од ЕХФ Купот, германскиот тим извојува победа од 29:28 и со резултат кој наликува на оној од пред една недела, го верификува првото место во групата. Нант покажа замор од натпреварот во четвртокот со ПСЖ, кој за малку пропушти да го добие, но ја плати цената на напорите и попушти во завршницата во Магдебург.

Магдебург беше во водство од првата минута, но имаше проблеми да го зачува водството, бидејќи составот на Нант до крајот беше во битка за подобар резултат. Стартот на вториот дел одново му припадна на домаќинот, но гостите со неколку мини серии се вратија на минус - 1. Германците целосно возвратија и дојдоа до предност од пет голови. Нант одново заигра подобро во последните десет минути, но Магдебург не ја испушти стекнатата предност и ги освои бодовите.

Најефикасни играчи на средбата со по десет голови беа Дамгард Нилсен од Магдебург и Емерик Мине од Нант. Кузмановски и Кирил Лазаров постигнаа по два гола.

Нант ќе мора да надомести од овие два порази на средбите против Горење и Адемар Леон и да се избори за пласман во четвртфиналето.

Share