hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Коралес го спаси ПСЖ, Нант пропушти можност да го победи лидерот

ERz5IQ2XsBUWFSI

Нант - ПСЖ 29:29 (16:15)

Во натпревар за ракометните гурмани, Нант и ПСЖ играа без победник 29:29, што е прв натпревар кој лидерот и шампион на Франција не го заврши со триумф оваа сезона. По несреќниот пораз во завршницата против Магдебург, екипата на Нант се издигна, одигра многу компетитивен натпревар и прокоцка дури и можност за победа против моќниот тим на Раул Гонзалез.

Домаќините започнаа моќно, поведоа со 4:0 и гостинскиот тренер брзо повика минута одмор. ПСЖ реагираше, но постојано водеше домашната екипа во првиот дел. Сагосен, Хансон и Абало го вратија дуелот во егал завршница, па дури и ПСЖ поведе во 55. минута. Сепак, Нилсон со неколку одбрани го остави својот тим во игра за победа. Последната минута донесе трилер завршница, бидејќи ПСЖ украде топка и поведе, а противникот веднаш врати за егал. Ненад Ремили направи техничка грешка и ја загуби топката, оставајќи му напад за победа на Нант. Сепак, Родриго Коралес со звукот на сирената одбрани удар од Николас Турнат за реми и поделба на бодовите.

nant - psg

Лазаров натпреварот го заврши со два гола, Ниокас се истакна со шест гола, а во редовите на гостинскиот тим, Сигурдсон со пет погодоци беше прв стрелец.

Со овој бод тимот на Нант само го потврди второто место на табелата и има бод повеќе од третопласираниот Ним, додека ПСЖ останува со шест бода предност пред екипата на Лазаров.

Share