hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Историски дебакл на Данкерк, Нант останува перфектен годинава

lazarov so dankerk

Данкерк - Нант 15:34 (3:16)

Францускиот шампионат е тежок и напорен, па не е лесно да се игра во ритамот среда-недела-среда. Сепак, Нант пронајде вистински ритам и запиша уште една победа во вториот дел од сезоната. Екипата на Алберто Ентрериос го совлада Данкерк на гостински терен со убедливи 19 разлика, а импресионира првиот дел во кој Лазаров и соиграчите дозволија противникот да постигне само три гола.

Финалните 15:34 отсликуваат дека разликата меѓу двете екипи е огромна, што е реткост во шампионатот на Франција. Данкерк постигна само три гола, а прими 16 гола во првиот дел и тука веќе беше јасно како ќе се одвиваат работите до крајот. Главен виновник за високата предност на Нант беше голманот Емил Нилсен, кој првиот дел го заврши со неверојатни 82% успешни одбрани. Кирил Лазаров не постигна гол на овој натпревар. Најдобар стрелец во триумфот беше Валеро Ривера со шест гола, додека кај Данкерк, Ниембо и Табоадара имаа по три гола.

Со овие бодови Нант остана на шест поени зад лидерот ПСЖ и цврсто стои на второто место на табелата.

Share