hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Втора победа во ЕХФ Купот, Нант триумфално се враќа од Словенија

EQ6z5vhXUAY1kLR

Горење - Нант 28:35 (12:19)

Два натпревари и две победи за Нант на Кирил Лазаров во ЕХФ Купот. По триумфот против Адемар Леон пред своите гледачи, екипата на Алберто Ентрериос го совлада словенечкиот претставник Горење на гостински терен со 28:35 (12:19). Така, по само две кола се наѕира патникот во четвртфиналето од групата Ц во второто по квалитет европско натпреварување.

Нант водеше во текот на целиот натпревар. Од самиот почеток се наметна играта на гостите, која беше пребрза и прединамична за Словенците. На полувреме резултатот гласеше 12:19 и разликата во вториот дел само се задржуваше или зголемуваше.
Горење ги консолидира своите играчи кон средината на полувремето прикажа многу повеќе отколку во првиот. Словенечкиот тим со неколку мини серии се врати и на два голови негатива, но тоа беше нивниот максимум од овој дуел. Искуството на Нант се покажа како пресудно, па во финишот одново гостинот дојде до висока позитива.

Валеро Ривера беше најефикасен играч на средбата со девет погодоци, додека кај Горење еден помалку постигна Вердинек.
Лазаров како и секогаш беше одлична тимска компонента, а на реализираше четири гола од пет удари.

Нант следната недела на домашен терен овој тим ќе се соочи со Магдебург, а потоа ќе гостува во Германија против истиот ривал.

Share