hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Убедливо совладан Иври, Нант продолжува во победнички ритам

86615280 2497971630469837 5094871205026988032 o

Нант - Иври 38:24 (16:13)

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров и неговиот Нант редат само победи во новата 2020 година. На полесен начин на предвиденото, второпласираната екипа на табелата вечерва го совлада Иври со 38:24 (16:13) и остана најблизок пратител на лидерот ПСЖ.

Фаворитот имаше контрола на резултатот во текот на целата средба, а уште од стартот ја одржуваше позитивата над три голови. Пред полувремето поведоа и со највисоки плус шест, но следеше серија на Иври за прифатлива негатива од 16:13.
Во продолжението Нант уфрли во брзина повеќе, а се разбрани и Нилсен меѓу стативите. Предноста брзо и лесно стана двоцифрена, па се до крајот беше само формалност. Во финишот домаќинот стигна и до највисоките +14, со кои и ја заврши средбата.

Лазаров постигна три погодоци и беше дел од тимот на Алберто Ентрериос кој не мораше целосно да се испоти за да го совлада Иври. Најефикасен во победничкиот табор беше Балагер со осум погодоци.

Нант го задржа второто место со 24 поени, шест бода помалку од ПСЖ кој после 15 кола има максимално постигнување, бидејќи има 15 победи, последната денес на теренот на Екс Провенс.

Share