hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Лазаров го однесе Нант во четвртфиналето на Купот на Франција

EPyIyU2XsAAHtV9

Нант - Шамбери 27:24 (13:15)

Екипата на Нант го одигра натпреварот од осминафиналето од Купот на Франција против Шамбери и се избори за победа од 27:24, па Кирил Лазаров и соиграчите си обезбедија место меѓу најдобрите осум тимови.

Првиот дел беше неизвесен и гостинскиот состав ја имаше предноста. Тие ја одржуваа минималната позитива и на пауза отидоа со водство од 13:15. Веќе на стартот на вториот дел, Нант веднаш се врати и со одлична серија од 7-2 по десет минути имаше комотна предност. Лазаров го предвореше својот колектив со седум гола, а кај Шамбери гол помалку постигна Бенџамин Ришерт.

Во четвртфиналето, покрај Нант се пласираа и екипите на ПСЖ, Монпелје, Екс, Данкерк, Шартр, Иври и Кретеј. Со ќдрепка ќе бидат познати паровите за следната фаза.