hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кирил Лазаров ќе го отвори првиот турнир КЛ7 2020

slika za turnir 2020

Ракометниот клуб КЛ7 е организатор на првиот меѓународен ракометен турнир за млади категории, КЛ7 2020. Добар ракомет, собир на многу талентирани млади ракометари, нови искуства забава и дружење се очекувањата на организаторот.

Имајќи предвид дека на турнирот ќе настапат најдобрите македонски ракометни колективи на теренот во спортската сала „Архиепископ Доситеј", во склоп на ОУ „Круме Кепески" во Општина Кисела Вода, се очекува дефиле на голем број пионерски и кадетски репрезентативци на нашата земја. Учеството на унгарски ПИК Сегед, ракометен колектив со богата традиција и редовен учесник во елитната Лига на шампиони е дополнителен квалитет и атракција на овој настан.

Распоред на натпреварите:

Петок - 24.01.2020 година

16:00 часот Металург - Вардар (генерација 2004)
18:00 часот КЛ7 - Металург (генерација 2002)
19:30 часот КЛ7 - Металург (генерација 2004)

Сабота - 25.01.2020 година

09:30 часот ПИК Сегед - Вардар ( генрација 2004)
11:00 часот ПИК Сегед - Еурфарм Пелистер (генерација 2002)
12:30 часот КЛ7 - ПИК Сегед (генерација 2004)
16:30 часот Металург - Еурофарм Пелистер (2002)
18:00 часот КЛ7 - Вардар (генерација 2004)
19:30 часот КЛ7 - ПИК Сегед (генераија 2002)

Недела - 26.01.2020 година

09.30 часот Еурофарм Пелистер - КЛ7 (генерација 2002)
11:00 часот Металург - ПИК Сегед (генерација 2004)
12:30 часот ПИК Сегед - Металург (генерација 2002)

Присуството на капитенот на националниот тим, Кирил Лазаров, кој ќе го отвори и затвори турнирот, ќе биде дополнителен мотив за сите млади играчи да го покажат најдоброто и со тоа да го подигнат квалитетот на самиот настан на едно завидно ниво.

Share