hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

КЛ7 организира меѓународен турнир за млади категории, ќе настапи и унгарски ПИК Сегед

slika za turnir 2020

Ракометниот клуб КЛ7 од 24 до 26 јануари 2020 година ќе биде организатор и домаќин на меѓународен ракометен турнир за млади категории „КЛ7 2020". На истиот ќе учествуаат осум екипи од пет ракометни клубови од Македонија и странство, домашните брендови Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер и вице шампионот на Унгарија ПИК Сегед, кој долги години е дел од престижната Лига на шампиони. Екипите ќе бидат поделени во две категории и тоа 2002 и помлади и 2004 и помлади.

Во првата категорија (2002 и помали) ќе се натпреваруваат:

- Ракометен клуб КЛ7

- Пик Сегед (Унгарија)

- Ракометен клуб Еурофарм Пелистер

- Ракометен клуб Металург

Во втората категорија (2004 и помали) ќе се натпреваруваат:

- Ракометен клуб КЛ7

- Пик Сегед (Унгарија)

- Ракометен клуб Металург

- Ракометен клуб Вардар.

Распоредот предвидува систем на натпреварување во кој би играле секој со секого во двете возрасни категории. Со учеството на турнирот на унгарски ПИК Сегед и официјално стартува соработката помеѓу КЛ7 и еден од најдобрите европски ракометни колективи кој е формиран во далечната 1961 година. Истата ќе се состои и во размена на гостувања, нивни кај нас, наши таму, едукација на тренери, учество на кампови и слично со една цел напредување и усовршување на младите ракометари на патот кон создавањето на врвни играчи.

Стартот на турнирот е планиран во петок во 16.00 часот, а учесниците ќе ги поздрави и за отворен ќе го прогласи Кирил Лазаров.

Share