hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Благи фаворити сме против сите ривали во групата

ehf-euro-2020-rakomet-press-na-rfm-30122019-3962

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров пријатно е изненаден од добрите игри на подмладената репрезентација на „Трофеј Карпати", откако неколку ракометари покажаа дека се подготвени да преземат дел од товарот и на претстојниот европски шампионат.

Капитенот на денешната прес-конференција во Скопје рече:

„Влогот е голем, ова е Европското првенство но и квалификации за Олимписките игри. Треба да си поставиме високи цели и доколку ни се укаже шанса да ја заграбиме. Знам дека имаме квалитетна репрезентација, имаме пет играчи кои настапуваат во Бундеслигата. Имаме ростер со кој треба да бидеме конкурентни против сите ривали со кои ќе се сретнеме на ЕП. Имаме квалитет за да ја минеме првата фаза, но мора да одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар. Во групата имаме селкции кои сме ги победувале во минатото, но мора да внимаваме. Ние сме благи фаворити, дури и против домаќинот Австрија".

Македонија на Европското првенство е во група со Украина, Австрија и Чешка. Пласман во втората фаза обезбедуваат двете најдобри репрезентации.

 

 

ФОТО: Филип Вирановски
www.gol.mk

Share