hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Голема победа на Нант на теренот на Монпелје

monpelje - nantes

Монпелје - Нант 28:29 (15:15)

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров во одлична форма и со серија на победи за својот Нант ја заврши календарската 2019 година. Иако малкумина веруваа, Нант се надмина себе си и го совлада Монпелје на гостински терен со 28:29 (15:15) во последниот натпревар од 13. коло на францускиот шампионат. Со оваа победа Нант изби на второто место и само ПСЖ има подобра есен од екипата на Лазаров.

По израмнетиот прв дел, Нант одигра одличен втор дел, а на моменти дојде и до 3-4 гола предност. Лазаров ја предводеше екипата, погодуваше и разигруваше, а го следеа и останатите ракометари од надворешната линија.

Валеро Ривера со шест гола беше најфикасен од него, а Лазаров со пет гола, некои од нив одлучувачки, беше втор клупски стрелец. Кај Монпелје, Килијан Вилемино беше најефикасен со четири погодоци.

Лазаров се враќа во нашата земја и ќе се приклучи на подготовките на националната репрезентација.

Share