hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

КЛ7 загуби во дербито во Кавадарци

kl7 - tikves

Ракометарите на КЛ7 загубија на гостувањето во Кавадарци против тимот на Тиквеш со 22:21 (12:7) во дуелот во кој влогот беше првото на табелата во групата 2 од Првата лига. Дербито во спортската сала „Јасмин" во Кавадарци беше решено во последната минута. КЛ7 се врати од -1, до три израмнувања во финишот. Беше 19-19, потоа и 20-20, па 21-21, но домаќините постигнаа погодок за 22-21 и победа за кавадарчани.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Јанчев со осум и Грозданов со седум голови. Кај КЛ7 најдобри се истакнаа Кристијан Симоноски со шест и Бобан Каковски со четири голови.

Гостинските ракометари, кои се воглавно момчиња од 18 години, со полициски надзор беа испратени до клупскиот автобус, по што се вратија за Скопје, што е апсолутно несвојствено.

Тиквеш е лидер со 36 бода, а КЛ7 второпласиран со 30 бода. Ракометарите на КЛ7 го обезбедија местото во плеј-офот, од каде најдобрите екипи ќе обезбедат пласман во Суперлигата.