hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

КЛ7 слави во дербито против Младост Богданци

kl7-bogdanci-dekemvri-2019-1-31

КЛ7 - Младост Богданци 32:30 (16:16)

Дербито на 11-тото коло во Првата лига им припадна на ракометарите на КЛ7. откако во неизвесен и возбудлив натпревар ја совладаа искусната екипата на Младост Богданци со 32:30. Во текот на целиот натпревар дури 18 пати резултатот беше израмнет, а нути една екипа немаше повисока предност од три погодоци. Екипата на КЛ7 не блескаше, но сепак успеа да ги освои бодовите.

Првиот дел започна со домашно водство, во 12. минута таа предност изнесуваше 7:4. Но, таа не траеше долго, гостите израмнија на 8:8, а пет минути подоцна ја имаа и највисоката предност (9:12). До крајот на првиот дел КЛ7 успеа да се врати во игра, прво да израмни на 15:15, а потоа и да поведе со еден погодок. Но, после 30 минути игра се замина со изедначен резултат 16:16.

Вториот дел продолжи во истиот ритам. Гостите предводени од поранешниот репрезентативец Митко Стоилов успеваа да го анулираат секое домашно водство, па во самиот финиш и да дојдат до водство од еден погодок. Но, со домашна серија од 4:1 КЛ7 стави точка на овој натпревар и славеше со 32:30.

КЛ7 – Младост Богданци 32:30 (16:16)

КЛ7: Богдановски, Трајкоски, Стојков 5, Крстески, Цветаноски 5, Миленков, Даев, Ѓоргиев 2, Петрески, Каковски, Симоноски 4, Илиески 2, Павлов, Димовски 8, Гучески 6, Мирчевски

Седмерци: 2/5
Исклучувања: 6 минути

Share