Продолжуваат перфектните денови за македонскиот репрезентативен капитен Кирил Лазаров. Репрезентативниот капитен е прогласен за најдобар ракометар на Нант за месец ноември. Лазаров освои 38,9% од гласовите на навивачите на францускиот клуб, а во конкуренција беа Никола Турне, Рок Овничек и Ајмерик Мине.
Македонскиот десен бек во ноември реализираше 10 голови во ЕХФ купот и 15 во најсилната француска лига, вклучувајќи го и решавачкиот погодок во победата против Шамбери.
Кирил Лазаров е ја добие наградата против Екс Провенс, пред домашната публика.