hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нов пресврт на Нант, обезбедено полуфинале на Лига Купот

lazarov liga kup

Данкерк - Нант 20:22 (14:9)

Магичниот ноември на ракометарите на Нант пренесен е и во декември, со оглед на тоа што екипата во која што настапува Кирил Лазаров запиша уште една победа, овој пат во Лига Купот на Франција. Ракометарите на Нант, во натпревар кој наликуваше на оној против Шамбери пред една недела, одиграа перфектно второ полувреме и го совладаа Данкерк на гостински терен со 20:22.

Првото полувреме комплетно им припадна на ракометарите на Данкерк, водеа во континуитет и предноста достигна пет голови на полувреме (14:9). Следеше сосема поинаков тек на натпреварот во вториот дел. Предноста се топеше, во 50. минута Нант дојде до израмнување, а потоа и до финална победа.

Лазаров беше стрелец на три гола и пак ја водеше екипата до триумф во најважните моменти од натпреварот. Ривера и Овничек постигнаа по четири гола, а Емил Нилсен собра осум интервенции. Лангаро со шест и Марие-Џозеф со пет погодоци се истакнаа кај поразениот Данкерк.

Тулуз и Шамбери исто така обезбедија полуфинале, а последниот патник ќе биде познат по натпреварот меѓу ПСЖ и Монпелје, кој се игра утревечер.

Share