hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров со гол во последната секунда го сруши Шамбери

EKfibnnXkAErnzI

Шамбери - Нант 28:29 (14:10)

Вторпат по неколку дена македонскиот ас Кирил Лазаров се покажува како клучен човек во клучните момент на неговиот Нант. Откако ја одведе својата екипа во групната фаза на ЕХФ Купот, македонскиот десен бек денес беше автор на победоносниот гол во пресвртот на Нант кај Шамбери.

Имено, во луд натпревар, на две минути до крајот Шaмбери водеше со +2, но Нант го стопи водството и со гол на Лазаров во последната секунда стигна до голема победа. Дуелот беше израмнет, но Шамбери водеше од првата до последната минута. На одмор се замина со +4, а домашната екипа целосно контролираше и во вториот дел. Сепак, изедначеноста на екипите во францускиот шампионат е голема и тоа Нант целосно го покажа.

Ајмерик Мине со два гола во последните две минути израмни на 28:28 и Шамбери тргна во последниот напад. Домаќините делуваа збунето, направија техничка грешка, а Лазаров во последната секунда погоди за голема победа на Нант (28:29)

Нашиот репрезентативец постигна шест погодоци, четири од игра и два од линијата од седум метри. Кај Шамбери, Фахрудин Мелиќ со седум гола беше најефикасниот поединец на средбата.

Со оваа победа Нант остана при врвот на табелата во најсилната лига на Франција. Тимот на Лазаров дојде до 16 бода, исто како и тимовите на Ним, Тулуз и Монпелје. ПСЖ е убедливо на врвот со максимални 22 бода.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share