hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шеста победа на КЛ7, убедливо совладан Партизан Гевгелија

kl7-partizan-noemvri-2019-1-15

КЛ7 - Партизан Гевгелија 42:20 (21:10)

Ракометарите на КЛ7 ја забележаа шестата победа во Првата лига. Синоќа во Скопје совладана беше екипата на Партизан од Гевгелија со резултат 42:20 во доминантен натпревар во кој водството во текот на сите 60 минути го имаа домаќините. По +11 на полувреме предноста само растеше и на крајот достигна големи 22 разлика.

Стојков со десет гола беше најдобар поединец во победничката екипа, а по пет погодоци постигнаа Симоноски, Гучески и Ѓорѓиев. Во поразениот тим од Гевгелија се истакнаа Јанев со шест и Лисичков и Узунчев со по пет погодоци.

Во следното коло, противник на екипата на КЛ7 е екипата на Борец од Велес, а натпреварот ќе се одигра в сабота од 13:00 часот во спортската сала „Круме Кепески".

Share