hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант со минимална предност патува во Норвешка за пласман во групите на ЕХФ Купот

76685345 2587544257959368 3086688280037556224 o

Нант - Арендал 30:29 (12:15)

Еден од фаворитите за освојување на ЕХФ Купот, француски Нант, каде што настапува капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров стигна до минимална победа над норвешкиот тим Арендал во првиот натпревар од третото коло на ЕХФ Купот. Францускиот претставник славеше со 30:29 (12:15).

Францускиот тим се намачи да дојде до победа пред својата публика. Дуелот влезе во егал-завршница, се играше гол за гол, а одлучи погодокот на Емерик Мине, на 30 секунди пред крајот.

Лазаров постигна четири погодоци од осум обиди. Најдобар на теренот беше Ривера со шест гола, а го следеше Мине со пет. Кај Арендал, Линдел постигна девет гола.

Реваншот меѓу Арендал и Нант во Норвешка е закажан на 24 ноември.

Share