hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант и „XXL Арена“ испратија кандидатура за Ф4 турнирот на ЕХФ Купот

xxl arena

Францускиот клуб Нант достави кандидатура за организација за завршниот турнир на ЕХФ Купот на 23 и 24 мај 2020 година. Клубот каде што настапува македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров аплицираше во предвидениот рок и заедно со бундеслигашот Фуксе Берлин ќе се бори да го добие „фајнал-фор" турнирот.

Во 2013 и 2016 година Нант беше организатор на завршниот турнир на ЕХФ Купот, но тогаш натпреварите се играа во помала сала, за разлика од понудата за сезонава, кога се предвидуваат натпревари во „XXL Арена". Капацитетот на оваа сала е 20.000 гледачи и Нант има шанса да организира завршен турнир на вториот по квалитет Куп на нивото на Лигата на шампионите.

Победникот на ова натпреварување ќе ја претставува Европа на ИХФ Суперглоб, натпреварување со кое се отвора новата сезона.

Share