hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Победена Грузија во првиот пријателски натпревар во Скопје

MAK rakomet Makedonija-Gruzija  25.10.2019-9071

Македонската ракометна репрезентација ја совлада Грузија во пријателски натпревар во СЦ „Борис Трајковски" со 25:21 (12:12). Околу 500 гледачи видоа возбудлив натпревар, во кој двете селекции имаа свои моменти. Капитенот Кирил Лазаров не доби шанса, а националниот тим никогаш не бил помлад.

Селекторот Брестовац им даде шанса на нашите млади ракометари и водени од Поповски и Велковски подобро го отворивме натпреварот и поведовме со 6:2. Следеше минута одмор и реакција на Грузијците. Полека гостите фаќаа приклучок и преку Орјаникидѕе пред одморот израмнија на 12:12.

Вториот дел започна со два одбранети седмерци на Тевадѕе по ударите на Поповски и Манасков. Одлично бранеше и Ристовски и не дозволи Грузијците првпат да поведат. Постојано нашите момци имаа предност, но само од 1-2 гола.

Со супер-млад состав на теренот погодија Ненад Костески, Арсеновски и Танковски и во 56. минута поведовме со 24:21. Потоа многу полесно го приведовме натпревар кон крај за победа од 25:21.

Најдобри во триумфот на Македонија беа Пешевски, Велковски и Поповски со по четири гола, додека кај Грузија, Шковебадзе беше прво име со девет погодока. Утре од 16:00 часот двете репрезентации ќе одиграат уште еден натпревар за затворање на ЕХФ-неделата.

 

 

ФОТО: Филип Вирановски
www.gol.mk

Share