Европската ракометна централа денес ги извлече двојките од третото коло на ЕХФ Купот, последен филтер пред почетокот на групните натпревари. Еден од фаворитите за место во завршницата, француски Нант каде што настапува капитенот на репрезентацијата, Кирил Лазаров силите ќе ги одмери со Арандон од Норвешка.
Првиот натпревар се игра во Франција, а возвратниот дуел на програмата е во Норвешка.
Двата натпревари кои носат место во групната фаза од ЕХФ Купот ќе бидат одиграни на 16 или 17 и на 23 или 24 ноември.
Групната фаза на ЕХФ Купот ќе стартува на 8 февруари 2020 година.
Титулата од минатата година ја брани германски Кил.