hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Првото дерби за шампионот, ПСЖ го совлада Нант во Париз

EENYIx3XYAIoW9P

ПСЖ го совлада Нант со 32:29 (18:16) во првото големо дерби во новата сезона на францускиот шампионат во ракомет. Во рамките на второто коло, првакот пред своите гледачи го надигра тимот на Алберто Ентрериос и изби на врвот со две победи од исто толку одиграни натпревари.

Домаќините поведоа со 10:6, делуваа посигурно и наметнаа игра како што сака тренерот Раул. Но, Нилсен се разбрани, собра шест одбрани и на одмор предноста на ПСЖ изнесуваше само два гола (18:16). Хансен со пет реализирани седмерци беше клучна фигура во оваа фаза од средбата.

Вториот дел започна со два атрактивни гола на Кирил Лазаров, вториот против Жерар апсолутно спектакуларен. Нант се доближи до 19-18 и комплетно се врати во натпреварот. Домаќинот диктираше темпо, но Карабатиќ заработи исклучување и Лазаров сервираше асистенција за Овничек кој погоди за 22:20.

Следеше период во кој Жерар се разбрани, нападот на ПСЖ поврза неколку голови за 26:21 во 47. минута. Колку и домаќините да се обидуваа да побегнат, Нант се враќаше и Балагер со лоб во 53. минута намали на 29:26. Домашниот голман ги одби сите напади на Нант и ПСЖ запиша победа од 32:29.

Најефикасни поединци во тимот на ПСЖ беа Хансен со девет и Сигурдсон со седум гола, а кај Нант се истакнаа Мин со пет и Лазаров со четири гола.

Share