hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров најефикасен, Нант победнички стартуваше во Стразбур

elverum

Ракометарите на Нант со победа стартува на „Еуро-турнирот" во Стразбур кој традиционално е најава за сезоната во францускиот ракомет. Во мечот од првото коло во групата, екипата на Алберто Ентрериос го потврди одличниот тренд во подготвителниот период и во финишот го скрши тимот на Елверум за победа од 35-32.

Нашиот Кирил Лазаров беше одлучувачки фактор и со голови кога се „кршеше" резултатот донесе триумф . Натпреварот го заврши со седум погодоци. Репрезентативниот капитен погоди за 28-29, а потоа при 32-32 ја одведе својата екипа до одлучувачко одлепување.

Нант:
Нилсен (12 одбрани), Турна 5, Ривера 4, Лазаров 7, Балагер 1, Аугустинесен 1, Кавалканти 4, Буриќ 2, Мине 2, Овничек 3, Тибо 1, Баптист 2

Елверум:
Торстен (1 одбрана), Имсгард (16 одбрани), Петересен 3, Сандел 3, Солстад 5, Лангас 3, Фредерикс 1, Хенеберг 5, Гудјонсен 6, Блонц 3

Попладнево за место во финалето францускиот тим ќе се сретне со унгарскиот вицешампион ПИК Сегед. Во втората група се наоѓаат Чеховски Медведи, Монпелје и Бенфика.

 

 

Share