Нант е освојувач на Шпаркасен Купот, еден од претсезонските турнири кои се играат во Германија. По вчерашните две победи,францускиот клуб попладнево во Ехинген со сигурна победа во финалето против тимот на Фуксе Берлин со 26:23 го освои трофејот кој го бранеше од минатата година.
Кирил Лазаров, повторно беше еден од најдобрите на теренот и запиша осум погодоци.
Ова е одлична најава за новата сезона и почеток со триумфи за новиот Нант. Следува пријателски натпревар в среда против бундеслигашот Ерланден.