hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант ги започна подготовките со новиот тренер Алберто Ентрериос

kl 7-2

Кирил Лазаров ја започна новата сезона во француски Нант. Третиот почеток во Нант за нашиот репрезентативен капитен е посебен, бидејќи првпат Нант ќе се потпре на нов тренер во последната деценија. На местото на Тјери Анти, нов предводник на Нант е Алберто Ентрериос. Шпанецот до минатата сезона беше „десна рака" на Анти, а сега почнува самостојна кариера.

kl 7

Нант во наредната сезона ќе се натпреварува во францускиот шампионат и во ЕХФ-Купот. Веднаш ракометарите заминаа на подготовките кои ќе траат неполна недела, а предвидени се два подготвителни турнири.

Со видоизменет тим Нант ќе се обиде да им парира на ПСЖ и Монпелје кои завршија на првите две позиции минатата сезона.

 

Share