hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Седми роденден на официјалната веб страна на Кирил Лазаров

kire-kolaz-7

Пред седум години на интернет просторот се појави првата официјална веб страница на еден наш професионален спортист. Веб страницата на Кирил Лазаров еволуираше, победуваше, се радуваше и тагуваше напоредно со нашиот најдобар спортист.

На 7 јули 2012 година за првпат во етерот се појави офијалниот медиум, кој ги сублимира сите ракометни настани, збиднувања, занимливости поврзани со ракометарот на Нант и капитенот на македонската репрезентација.

Овој период од седум години се поклопува со најпозитивните моменти во кариерата на Лазаров. Го освои трофејот од Лигата на шампионите, три пати во серија стана светски клубски првак, ја мина границата од 1000 гола во репрезентацијата и во Лигата на шампионите.

Нека биде вака успешен и во иднина!

Share