hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кире Лазаров: Не користам диети за да ја одржам формата (ВИДЕО)

65215221 2344144959184450 1104084384966770688 o

Во интервју за „Гласот на Америка", најдобриот македонски спортист Кирил Лазаров говореше на неколку теми. Затекнат на неговиот камп во Охрид, репрезентативниот капитен се осврна на темата – здрава исхрана.

„Телото е најважната работа кај еден професионален спортист. Не користам специјални диети, но водам грижа околу исхраната, сега како минуваат годините, се повеќе и повеќе", смета Лазаров.

Иако има малку денови за одмор, Лазаров и ова лето ќе се дефокусира од ракометот за да ги „наполни" батериите.

„Си одделувам време за еден добар семеен одмор, без разлика дали е тоа море, езеро, планина. Наоѓам време за моите најблиску, посетувам неколку града каде што имаме пријатели. Колку и да имаме слободни денови, секогаш ми се премалку", продолжува ѕвездата на Нант.

На крајот од разговорот тој се наврати на своите почетоци и родното Свети Николе.

„На почетокот игравме на отворени игралишта, на бетон. Од мал се навикнав на лоши услови. Горд сум што потекнувам од мало место, од мал клуб", заврши нашиот најдобар ракометар.

Нашиот најдобар ракометар за две недели ќе се јави на стартот на подготовките на Нант и ќе ја започне својата трета сезона во Франција.

Share