hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Брестовац изврши три замени од гостувањето во Ескишехир

reprezentacija-1

Селекторот на машката сениорска репрезентација Данило Брестовац ги објави промените во списокот на ракометари за квалификациски натпревар против репрезентацијата на Грција за обезбедување на пласман на ЕП 2020.

На денешниот натпревар селекцијата на Македонија ќе настапи со три промени во однос на претходниот натпревар одигран против Турција во Ескишехир.

На местото на Стојанче Стоилов ќе настапи Горан Крстевски, Дарко Димитриевски ќе биде замена на повредениот Милорад Кукоски, и на местото од Томислав Јагуриновски е Мартин Серафимов.

Македонија попладнево со почеток во 18:00 часот ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите против репрезентацијата на Грција во Струмица.

Share