hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Лазаров постигна четири гола, Нант заврши со гостински триумф во Данкерк

kirodankerk

Данкерк - Нант 25:28 (14:16)

Победа за крај на променливата сезона за ракометарите на Нант во францускиот шампионат. Во рамките на последното 30. коло ланскиот европски вицешампион го победи финалистот на Купот на Франција, Данкерк со 25:28 (14-16),

Нант шампионатот го финишираше на четвртото место, што е нешто послабо постигнување за разлика од минатата сезона кога Лазаров и соиграчите завршија на третото место.

Во текот на сите 60 минути Нант водеше, а дефинитивно отпорот на противникот го скрши на почетокот од вториот дел кога дефинитивно се одлепи. Балагер со седум и Турна со пет гола беа најефикасни во тимот на Анти, а одличен натпревар одигра и нашиот Лазаров, автор на четири гола. Кај Данкерк најефикасни поединци беа Палајо, Абдекадер и Гарен со по четири погодоци.

Првак на Франција пак е ПСЖ, во Лигата на шампионите ќе игра и Монпелје, а ЕХФ Купот е за победникот на Купот, Шамбери и Ним. Нант обезбеди место во вториот по квалитет европски Куп, но ќе аплицира за „вајлд карта" во Лигата на шампионите.