hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

КЛ7 Струга го освои трофејот во кадетска конкуренција

IMG-02377c2350b836530d4e2650db614a6c-V

КЛ7 Струга е освојувач на трофејот во кадетска конкуренција во организација на Ракометната федерација на Македонија на турнирот кој денес се одржа во Струга

После полуфиналните борби актуелниот првак Прилеп го совлада Еурофарм Работник и закажа финална пресметка со домаќинот КЛ7 Струга, кој во полуфиналето беше поуспешен од Вардар.

IMG-0791338cce68cfc4fc8cc39c9ff2c3c4-V

Во финалниот натпревар, неизвесноста за конечниот победник траеше нешто повеќе од едно полувреме, а од 39 минута КЛ Струга со одлична игра во два правци направи недостижна разлика.
Конечниот резултат на семафорот покажуваше 39:32 за стружани со што после третото место во младинска конкуренција и вице шампионската титула кај пионерите, конечно, КЛ7 Струга го освои првото место и шампионскиот пехар во кадетска конкуренција.

IMG-273e6395a80ea8ed865ec13304bf5e8d-V

За најдобар голман на турнирот беше прогласен Митко Петрески , најдобар стрелец е Дејан Џигероски а најкорисен играч на турнирот е прогласен Кристијан Симоноски. Сите тројца од домаќинот КЛ7 Струга.