hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

КЛ7 Струга домаќин на кадетскиот Ф4 во организација на РФМ

final four Struga kadeti foto

КЛ7 Струга, Вардар, Прилеп и Еурофарм Работник се четирите најуспешни екипи во кадетска конкуренција кои утре (05.06.2019 г.) во спортската сала „Тими" во Струга ќе се натпреваруваат за титулата, кадетски првак на државата. Школата за ракомет на капитенот, КЛ7 Струга и агенцијата која ја води организацијата и реализацијата на школите на Кирил Лазаров низ Македонија, КМГ СПОРТ, се домаќини на завршниот турнир во ракомет за момчиња родени 2000 година и помлади, во организација на Ракометната федерација на Македонија.

struga-1-12

Првенствено, ракометната федерација на Македонија домаќинството го додели на екипата на Еурофарм Работник, но по откажување на истото од страна на битолчани, КЛ7 Струга и КМГ Спорт дојдоа во ситуација да го организираат завршниот турнир во нај ракометниот град во државата.

По завршување на регуларниот дел од натпреварите во кадетската лига при РФМ, КЛ7 Струга, Прилеп и Вардар завршија како првопласирани во своите групи, додека тимот на Еурофарм Работник беше втора најдобра екипа и како таква обезбеди пласман на завршниот турнир. Со цел задоволување на стандардите за организација на ваков тип на настани и претставување во вистинско светло, а имајќи предвид краткиот рок за организација, домаќинот мобилизираше голем тим и со полна пареа се завршуваат последните подготовки околу организација на Ф4, со дополнителен мотив плус по освоеното трето место на КЛ7 Струга во младинска конкуренција и пласманот во големото финале во конкуренција на пионери.

slika struga 3

Редослед на натпревари:

10.30 ч Еурофарм Работник - Прилеп

12.00 ч Вардар – КЛ7 Струга

Натпревари за пласман:

17.30 ч Натпревар за трето место

19.30 ч Финален натпревар

Церемонија на прогласување