hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант поразен во „Палау Блауграна“, Барса се квалификува на Ф4

barca nant

Барселона - Нант 29:26 (17:14)

Нант го заврши својот поход во Лигата на шампионите во четвртфиналето, откако наиде на расположена и моќна Барселона, која продолжува по својот пат во обид да ги освои сите седум титули кои се на располагање. Во возвратниот четвртфинален дуел, Барса ја искористи предноста на домашниот терен и извојува победа од 29:26, па по успехот во Франција, Каталонците на убедлив начин се чекираа за Келн.

По само една третина од играта во првиот дел, Барселона поведе со 7:4, а бековите Дика Мем и Ласе Андерсон одлично го почнаа натпреварот. Се разбрани Гонзало Перез де Варгас и предноста на домашната екипа растеше. На половина од првиот дел домашните ракометари стигнаа до највисоката предност од 13:7. Французите се созедоа, погодија Турна и Лазаров за -3 на крајот од првиот дел.

Екипата на Тјери Анти подобро го почна вториот дел, предноста полека се топеше и во 45. минута Нант се доближи на само -1. Барселона брзо „нагази" и предноста достигна +5 (26:21) во 51. минута од натпреварот. Европскиот вицешампион се предаде и до крајот не успеа да го сврти резултатот, туку само намали на чесен пораз од 29:26.

Лазаров, кој вечерва беше расположен за асистенции, запиша три гола, а кружниот напаѓач Турна со пет гола беше најефикасен во поразениот табор. Најефикасен во екипата на Барселона беше Андерсон со пет гола, а Гонзало на голот запиша 15 интервенции.

Share