hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса покажа моќ среде Франција, Нант пред елиминација од ЛШ

D48aPyHW4AAm03b

Нант - Барселона 25:32 (12:16)

После  убедливиот триумф во Франција против Нант со 25:32, шпанскиот шампион Барселона се наоѓа на чекор до пласман на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн. Екипата на нашиот Кирил Лазаров треба да приреди чудо на реваншот во Шпанија доколку сака да го повтори ланскиот успех.

Мечот започна израмнето, но само до 6:6. Потоа, Французите почесто грешеа, а Барса немилосрдно казнуваше. Така гостите заминаа со четири гола разлика на полувреме (12:16), но нивната игра беше потечна и ветуваше повеќе пред реваншот.

Гонзало Перез де Варгас се разбрани и предноста растеше. Во финишот Барселона стигна до максимални +7 и оваа разлика ја сочува до крајот. Репрезентативецот на Франција, Фабрегас со девет гола беше прво име во победничкиот табор, додека во Нант, најпрецизен беше Валеро Ривера со осум погодоци. Кирил Лазаров на оваа средба постигна два гола.

Возвратниот натпревар се игра во „Палау Блауграна" на 4 мај.

Share