hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант лесно победи во Тулуз и му побегна на Монпелје на второто место

D4ny7F5WkAAAhBP

Тулуз - Нант 25:32 (13:18)

Возбудувањата од францускиот шампионат продолжуваат по паузата за ЕХФ неделата и квалификациските средби за Европското првенство. Со уште една победа, европскиот вицешампион Нант останува во трка за највисок пласман и по поразот на Монпелје од ПСЖ, екипата на Лазаров е комотно втора во шампионатот.

Ракометарите на Нант го победија Тулуз на гости со 25:32 и пак се вратија на победите по ремито со Сант Рафаел пред две недели. Кирил Лазаров беше автор на два гола, во дуел во кој уште еднаш Анти го изротира скоро цел ростер за да стигне до значајна победа и да не ги потроши клучните ракометари пред одлучувачките натпревари,

Валеро Ривера имаше перфектен ден и средбата ја заврши со седум гола, а шест погодоци постига Николас Турна.

Нант е второпласиран со два бода повеќе од Монпелје и шест помалку од лидерот ПСЖ.

Share