hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: На добар пат сме, на вакви натпревари се станува голем играч

kireizjavaisland

Македонија ремизираше со Исланд со резултат 24:24, но сепак шансите за првото место во групата се на наша страна. Капитенот Кирил Лазаров по натпреварот го анализираше прикажаното во овој ЕХФ-прозорец и порача дека во јуни треба да се заврши работата.

„Против нас имавме тим воден од селектор олимписки првак. Треба да бидеме задоволни со реми и победа во двата натпревари. Имавме шанса за победа, меѓутоа имавме ситуација и да го загубиме мечот со многу голови разлика. Кога ќе се собере и одземе прикажаното, ни требаат две победи на наредните два меча, што ни отвора многу можности. Од овој тип на натпревари може да добијат младите играчи, како Талески, Кузмановски, Поповски... На вакви натпревари се станува голем играч. Имавме добри моменти, но и лоши моменти. На добар пат сме во овие квалификации, а и знаеме каде грешевме", рече Лазаров.

Ракометарите им се враќаат на клупските обврски, а следните квалификациони натпревар се во јуни против Грција во Скопје и во Ескишехир против Турција.

Share