hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија прими гол на три секунди до крајот, Исланд откина бод од Скопје

kiresigurdson

Македонија - Исланд 24:24 (10:11)

Македонската ракометна репрезентација беше на чекор до нов триумф против Исланд, но противникот со гол на три секунди пред крајот се спаси од пораз, натпреварот заврши нерешено 24:24. Љубителите на ракометот видоа израмнет натпревар, и двете селекции се менуваа во водство, па ремито најреален резултат на случувањата на теренот.

Исланд почна многу мотивирано и имаше почетна предност, но Македонија успеа да го сврти натпреварот и прв пат поведовме со 8:7, но потоа повторно имавме потешкотии да постигнеме гол. На полувремето се замина со водство на Исланѓаните од 11:10.

Исланѓаните до највисоки три гола разлика (18:15) дојдоа на средина од вториот дел, но успеавме да се вратиме. Бодрена од гледалиштето, Македонија го сврте мечот и беше многу блиску до победа. При 24:23 нашата репрезентација имаше напад, изминуваше последната минута. Капитенот Лазаров под фаул не успеа да реализира, а во својот следен напад Исланд даде гол и изедначи на 24:24. Останаа уште три секунди од натпреварот, Филип Кузмановски се обиде од далечина, но не успеа.

Кирил Лазаров со осум гола беше најефикасен во нашиот состав, Манасков постигна четири погодоци, исто колку што даде и Талески. Кај Исланд се истакна Магнусон со осум гола.

По четири одиграни кола Македонија и Исланд имаат по пет бода, Турција има четири, Грција два. Во следното коло Македонија гостува кај Турција, а квалификациите ги завршуваме со Грција.

Фото - Филип Вирановски

Гол.мк

Share