Во продажниот салон на еден од партнерите на Ракометната Федерација на Македонија, најмладите имаа можност да се дружат со своите омилени ракометари.
Столе, Деки, Кире, Фитиљ, Борко и Тале им посветија дел од своето време на оние кои им ја даваат најголемата поддршка.
Во четвртиот натпревар од квалификациите за Европското првенство, Македонија в недела од 20:00 часот ќе се сретне со селекцијата на Исланд.