hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Манасков погоди со звукот на сирената, Македонија носи златна победа од Исланд

manaskov-i-kuzmanovski-spanija

Исланд - Македонија 33:34 (17:17)

Македонија го победи Исланд на гостински терен со 34:33 во првиот натпревар на Данило Брестовац како селектор на нашата репрезентација.

Исланд подобро го почна мечот, на двапати имаше водство од по четири разлика, но успеавме да се вратиме. Гоце Георгиевски со гол од контра го донесе нашето прво водство од 12:13. До крајот на првите 30 минути се играше гол за гол, па на одмор се замина со 17:17, по голот на Лазаров со звукот на сирената.

Во вториот дел беше неизвесно, двете селекции се менуваа во водство, на минута до крајот резултатот беше нерешен, 33:33. Македонија не реализираше напад за победа, но не успеа ниту Исланд. На четири секунди до крајот беше досуден пенал за Македонија, Манасков ја доби задачата да го шутира и не успеа да го реализира, но топката дојде до него и од вториот обид даде гол и донесе голема победа за Македонија.

Најдобар стрелец во репрезентацијата на Македонија беше Дејан Манасков со осум гола, а Гоце Георгиевски запиша седум погодоци. На спротивната страна најефикасен беше Арон Палмарсон со 11 гола.

Share