hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Овничек од Целје е замената за Клер во Нант

ovnicek

Словенечкиот интернационалец Рок Овничек од следната сезона ќе ги брани боите на Нант. Централниот бек доаѓа во редовите на европскиот вицепрвак од Целје Пивоварна Лашко и ќе го замени Николас Клер кој потпиша договор со Екс ан Прованс.

Овничек сезонава во дресот на словенечкиот шампион во Лигата на шампионите одигра 14 натпревари и постигна 44 гола.

29-годишниот ракометар настапуваше за Горење Велење, се пресели во Целје, а од следната сезона во француското првенство ќе биде соиграч на нашиот Кирил Лазаров.

Share