hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Репрезентацијата се собра за двомечот против Исланд

mak-rakomet-sobir-na-reprezentacija-08042019-7852

Ракометната репрезентација на Македонија ги започна подготовките за двата натпревари против Исланд во квалификациите за ЕП 2020. Новиот селектор Данило Брестовац има цел да го поправи впечатокот од воведните два натпревари, особено по поразот во Грција, што претставува еден од најтешките во историјата на ракометната репрезентација. Брестовац ќе се потпре на претходните искуства на репрезентативците со мал фокус на дефанзивата.

Капитенот Кирил Лазаров свесен за новите предизвици, очекува тешки дуели со Исланд во обид за враќање на победничкиот дух и атмосферата во Националниот тим.

„Добро се познаваме и ќе немаме многу промени, иако имаме нов селектор. Клучно според мене е да создаваме победнички менталитет, нешто што ќе го пренесеме и врз младите играчи што се дел од овој национален тим. Очекувам добри натпревари, се надевам дека ќе освоиме најмалку еден бод со кој би направиле значаен чекор напред кон пласманот на ова ЕП", рече капитенот Лазаров.

Последното сеќавање со Исланд носи лоши спомени – тесен пораз на СП во Минхен, иако водевме во поголемиот дел од натпреварот.

 

 

ФОТО: Филип Вирановски
www.gol.mk

Share