hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров го наполни голот на Сант Рафаел, но Нант несреќно прокоцка победа

D3QC-NqWkAEVCq9

Нант - Сант Рафаел 33:33 (18:15)

Супер-драматичен дуел и реми во дербито од 20. коло на францускиот шампионат  меѓу Нант и Сант Рафаел. Во надигрување на две екипи кои и натаму се дел од европските натпреварувања со големи амбиции, европскиот вицешампион прокоцка победа, откако водеше во поголемиот дел од средбата и не успеа да го валоризира феноменалниот настап на нашиот Кирил Лазаров.

Со голот на Сошето од седум метри со звукот на сирената, екипата на Сант Рафаел извлече бод, играјќи 33:33 (18:15). Нант по подолго време не победи во натпревар за бодови во француското првенство и со тоа сега доцни шест бода зад лидерот ПСЖ, исто како и европскиот првак Монпеље.

D3QIG57XkAAtX7U

Одличен натпревар одигра Кирил Лазаров кој постигна девет гола во домашниот табор, а го следеше Офре со шест и Гурбиндо со пет погодоци. Нашиот капитен беше разигран, погодуваше од повеќе позиции, седум пати од седмерец, а имаше и серија на асистенции.

Кај Сант Рафаел се истакнаа Сошето со девет и Гајдиченко со пет погодоци.

ПСЖ убедливо славеше во Иври во 24-37, а Монпелје беше подобар од Данкерк со 36-27. „Светците" останаа на врвот со 39 бода, пред Нант и Монпеље со 33 на шест кола до крајот.

Нант се подготвува за двомечот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Барселона - поранешниот клуб на Кирил Лазаров.

Share