hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

КЛ7 Струга го освои третото место на финалниот турнир за младинци во Охрид

f1-7-360x220

Најмладиот состав на турнирот, КЛ7 Струга се закити со бронза на финалниот младински турнир

Во натпревар на двете екипи кои на овој завршен натпревар турнир настапија без странски играчи, КЛ7 Струга убедливо го совлада градскиот ривал со резултат 31:21.

КЛ7 Струга на овој турнир имаше најмлад состав и со самото тоа и овој резултат е показател дека екипата се движи во вистинска насока и дека вчерашниот пораз е само еден лош ден или период од натпреварот

f3-8-360x220

Ова беше натпревар кој помина во целосна наша контрола. РК Струга го отвори натпреварот со 0:1 и тоа беше единствено водство за нашиот противник. За брзо време дојдовме до водство од 7:3 и успеавме да го задржиме до крајот на натпреварот. Пред крајот на првото полувреме следеше наше мало опуштање и му дозволивме на противникот да се доближи до само еден гол разлика односно 13:12

f9-2-360x220

Второто полувреме помина во целосна наша доминација. На почетокот отворивме со серија од 7:2 и дојдовме до водство од шест голови разлика и веќе познат победникот на овој натпревар. Потоа шанса да настапат на еден „фајнл фор" добија и нашите пионери кои не само што не дозволија да ја намалат разликата туку и да ја донесат до максимални 11 голови разлика односно 30:19.
Крајниот резултат гласеше 31:21, со што нашата екипа втор пат по ред го освојува третот место на една финална завршница во младинска конкуренција.

f6-7

Како што беќе случај и вотекот на целата сезона, така и денес наши најдобри стрелци беа Симоноски со дури десет погодоци и Џигероски кој постигна седум погодоци. А на голот одличен беше Петрески.

Оваа година организацијата на завршниот турнир во младинска категорија ја добија РК Охрид и Општина Охрид.

Share