hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант поразен во Париз, шампионот побегна на врвот на табелата

D1FQ8TRWoAET05L

ПСЖ – Нант 34:29 (19:13)

Супер-дербито од 17. коло на францускиот шампионат им припадна на лидерите, ракометарите на ПСЖ, кои во главниот град го надиграа Нант со 34:29 (19:13).

Дуелот започна фуриозно, двата напади беа феноменални и се наметнаа пред одбраните. Сепак, во централниот делна полувремето се разиграа Степанчиќ и Сагосен и шампионот се одлепи на +5. Со тајм-аут Анти се обиде да го прекине ритамот, но „светците" беа поумешни и на одмор заминаа со 19:13. Лазаров и Ниокас беа единствените кои им парираа на домаќините во првиот дел.

Одлуката околу победникот беше решена на почетокот од вториот дел. Омејер бранеше одлично (14 одбрани), Степанчиќ постигна уште неколку гола преку блокот на гостите и веќе беше +8. Ракометарите на Нант често грешеа и Генсхајмер со лесни голови од контра во 49. минута предноста ја зголеми на +11 (33:22). Гостите голови постигнуваа само од позицијата на десен бек, каде што Лазаров и Гурбиндо заедно реализираа десет погодоци.

D1FcAvnXcAAqdsk

Искусна екипа како ПСЖ лесно го приведе натпреварот кон крај и во петтиот дуел оваа сезона најлесно го совлада Нант со 34:29.

Најефикасни поединци во екипата на ПСЖ беа Степанчиќ со девет, Сагосен со шест и Генсхајмер со пет гола, а кај Нант се истакнаа Гурбиндо и Кирил Лазаров со по пет гола. Засилувањето на голот Бонефои запиша девет интервенции. Првакот сега има пет бода повеќе од второпласираниот Монпелје и шест повеќе од Нант, кој се наоѓа на третата позиција.

 

Share