hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Нант рутински го совлада Иври и се подготви за дербито во Париз

D0rxGeIWsAcF82U

Нант - Иври 33:29 (18:14)

Откако во средата си ја завршија работата во Лигата на шампионите и донесоа бод од Флензбург, ракометарите на Нант овој викенд имаа домашни обврски и запишаа нова значајна победа.

Во рамките на 16. коло од францускиот шампионат, екипата на нашиот Кирил Лазаров го победи Иври со 33:29 (18:14). Со овие бодови тимот на Тјери Анти се врати на втората позиција на табелата зад неприкосновениот ПСЖ.

Домаќинот го диктираше темпото, а предноста дозволуваше домашниот стручен штаб да ги ротира ракометарите и да ги штеди за клучните натпревари во пролетните месеци. На полувреме Нант водеше со 18:14, а штом започна вториот дел предноста се зголеми на шест гола разлика. Така без посебен притисок дека Иври може да го загрози европскиот првак, домаќините забележаа победа од четири гола разлика.

Лазаров потигна еден погодок, а најзабележителен поединец во победничката екипа беше десното крило Балагер со 13 голови. Моралес со десет гола се истакна кај гостите.

Нант со 28 бода е второпласиран, веднаш зад лидерот ПСЖ кој има 31 бод. Веќе следниот викенд се игра дербито меѓу двете водечки екипи, а домаќин е лидерот ПСЖ.