hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров диригираше, Нант победнички се враќа од Скандинавија

DznrJnHXcAAPLX

Скјерн - Нант 32:34 (17:15)

Кирил Лазаров беше најдобар играч на Нант во гостинската победа кај Скјерн во Лигата на шампионите со 32:34. Со оваа победа, европскиот вицешампион само ја потврди добрата форма по триумфот во четвртокот во Шамбери.

Скандинавците отворија одлично и поведоа со 4:0, но францускиот тим се враќаше во игра и на одмор Скјерн замина со 17:15.

Во почетниот дел д вториот дел, Скјерн водеше и со 26:22, но тогаш се разиграа Лазаров и соиграчите и извојуваа победа од 32:34.

Лазаров со шест погодоци беше прво име во победничкиот табор, а пет погодоци постигна Ниоккас. Кај Скјерн се истакна крилото Егерт со шест голови. Со оваа победа Нант го задржа четвртото место во групата Б во пресрет на последните две кола од групната фаза во елитата.

Share